МВР го уапси мажот кој му се закануваше на Јовевски

3 mins read

Во Битола е уапсен мажот кој пред десетина дена му испрати заканувачко писмо на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, дознава „Слободен печат“.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“. Ова е само дел од писмото со закани по живот кое вчера го добил Јавниот обвинител Јовески. Со препорачана пратка, испратена од Пошта во Битола, се бара ослободување од гонење на двајца новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Испраќачот се претставил како терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се бори и ќе ги брани до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Обвинителот Љубомир Јовески пак, изјави дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Писмото, на англиски и македонски јазик, веќе е пратено до МВР, каде се испитува содржината и лицето кое ја испратило пратката.

Инаку постапката која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на Јавен обвинител.

„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата. Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство. Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката. Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022 година“ известија од ОЈО.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе од 55 болести се поврзани со глутенот: Препознајте ги 9 најчести симптоми на нетолеранција

Следно

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за фијаско во високото образование: Со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian