ФОТО | Викторија Бекам јаде едно исто јадење 25 години: Вака ја „издаде“ сопругот

1 min read

Викторија Бекам, поранешната Пош Спајсица со години изгледа исто и витко. Нејзиниот сопруг Дејвид отворено сподели како се храни модната дизајнерка и поранешка пејачка.

Во подкастот River Cafe Table тој се пожалил дека Викторија го јаде истото јадење цели 25 години. Оброкот кој ѝ  е омилен е риба на скара и зеленчук на пареа. Фудбалерот изјави дека тој и неговиот најстар син Бруклин обожаваат да експериментираат во кујната, но Викторија ретко отстапува од нејзиното мени.

Тој вчера сподели видео на кое ја честита Лунарната нова година и приготвува риба на мандарински начин за своите најдраги.

„Станувам многу емотивен за храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко ќе направи исклучок“, рече Дејвид.

Претходно Викторија открила дека не јаде храна подготвена со масло, путер и сосови и дека избегнува црвено месо и млечни производи. Сака тост или зеленчук на пареа со малку зачин, вели таа.

“За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлош гостин. Обожавам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путер или сосови”, рекла Викторија која секојдневно вежба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јавниот долг на САД надмина рекордни 30 милијарди долари

Следно

ВИДЕО: Феникс руши рекорди во НБА лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian