ФОТО | Полицијата објави потерница: Секси затвореникот стана славен на социјалните мрежи, сите „полудеа“ по него

2 mins read

Полицијата од Западен Јоркшир неодамна на својот твитер-профил објавија дека трагаат по 37-годишниот Џонатан Кахил, а нивната објава стана многу популарна на социјалните мрежи, пренесуваат странските медиуми.

Имено, за кратко фотографијата на секси престапникот собра повеќе од осум илјади коментари. Но, интересно е што никој во коментарите не ѝ помага на полицијата со информации за истрагата, туку го коментираа неговиот изглед.

Полицијата потоа мораше да реагира, односно да ја исклучи опцијата за коментар, поради бројните реакции.

„Какво злосторство направил? Кршел срца?“, „Ако го најдам, може да си го задржам?“, „Неговото единствено злосторство е што ми го украде срцето“, „Нека ми се јави, подготвена сум да го чувам како додека трае потерат. Не барам многу“, „Би требало лесно да го најдете, пола жени во Западен Јоркшир сега го бркаат“, беа дел од коментарите.

Имаше и такви кои Џонатан не ги маѓепса

„Треба да престанеме да ги славиме криминалците. Дечкото изгледа добро, но неговото место е во затвор. Има стотици луѓе на кои им треба нашата помош, а ние ја трошиме на овој човек“, гласеше еден таков коментар.

Полицијата трагала по Џонатан Кахил од средината на септември отккао не се вратил на издржување на казната. Тие на крај ја избришаа објавата со неговата фотографија. Џонатан наводно бил пронајден и веќе во притвор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вооружен инцидент пред училиште во САД: Убиени 4 тинејџерки и уште една 20-годишна девојка (ВИДЕО)

Следно

Триумф на Ефес во трилер натпреварот во Москва, Реал со пресврт до победа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian