ФОТО | Моделка со храбар израз: Влакната под пазувите ме прават силна!

2 mins read

Младата моделка Ники Серенити од Мисури е една од оние девојки кои сакаат да го промовираат својот природен изглед. Ако тоа значи пуштање влакна под пазувите и со тоа добивање сила – кои сме ние да судиме?

Ники досега се има појавено во преку 50 модни магазини и едиторијали и во полн израз доаѓаат токму нејзините небричени пазуви со кои таа гордо позира.

„Некои луѓе сметаат дека ова е овратно, но мене не ми е грижа. Се чувствувам слободно во моето тело и со неговите влакна на него. Сакам да му дозволам на моето тело да биде природно“, вели таа. Дали е ова екстремно или е сосема во ред, останува да процени гледачот.

Вакви примери на недепилирани пазуви имаа и светски ѕвезди како Џулиет Луис, Џулија Робертс, па дури и ќерката на Мадона, Лордес.

Ники изјави дека еднаш или двапати годишно „ги средува“ пазувите, но дека досега немала проблем околу својот изглед кога е во прашање работата, напротив – таа добива многу понуди и договори за фотосесии токму поради уникатниот изглед и израз. Дали е тоа слобода на телесноста или нехигиена, повторно останува да процени секој кој ја гледа поголемата слика.

Пред неколку часа таа сподели и „благодарност“ до сите што ја „хејтаат“ на фејсбук, а со тоа ја направиле славна.

Во една пригода таа рече:

„Недепилираните нозе и пазуви изгледаат убаво. Самоуверена сум со нив и се чувствувам атрактивно“

Што мислите вие?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се повеќе членови на Конзервативната партија бараат смена на Борис Џонсон

Следно

Српското обвинителство потврди: Ѓоковиќ не ги лажирал ПЦР тестовите

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian