ФОТО | Адел стави крај на гласините дека ги одложила концертите поради своето момче: Ве поздрави Рич!

1 min read

Адел неодамна ги одложи настапите во Лас Вегас поради коронавирусот. Пејачката им се извини низ солзи на своите обожаватели во видеото кое го објави на социјалните мрежи, а многумина шпекулираа дека причината е љубовниот проблем со новото момче…

„Здраво, јас сум навистина среќна што можам да кажам дека ќе настапам следната недела на „Brit’s“! И, исто така, ќе дојдам кај Греам да разговарамe на неговиот кауч додека сум во градот! Едвај чекам! И да, Рич ви испраќа љубов“, напиша Адел во описот на фотографијата која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Адел на мудар начин стави крај на гласините навестувајќи дека се е во ред меѓу неа спортскиот агент Рич Пол.

ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

Да потсетиме, Адел одложи серија настапи во Лас Вегас само 24 часа пред првиот настап.

„Проблеми во рајот, затоа не може да настапи“, се пошегува новинарот Ричард Џонсон од „Њујорк Дејли Њуз“, кој ги засили гласините дека Адел ги откажала концертите поради проблеми со нејзиното момче.

Лажни солзи за фановите, ароганција за организаторите: Откриена вистинската причина зошто Адел ги одложи концертите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белгија стравува од нов бран на коронавирус од подваријантата на омикрон

Следно

Руседски верува во Ѓоковиќ: Новак е најдобар и на крајот ќе има највеќе гренд слем титули

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian