ВИДЕО: Вардар стартуваше со триумф на подготовките во Анталија

1 min read

Скопските „црвено-црни“ ја темпираат формата за вториот дел од сезоната, а денеска го одиграа првиот контролен натпревар против СКА Ростов од Русија.

Вардар славеше на крајот со резултат 2:0 со головите на Дејан Блажевски во 47 минута и Ерен Парталко во самиот финиш од средбата.

Шанса за настап добија сите играчи од првиот тим како и неколку млади играчи од младинската школа на Вардар.

Од првата минута стартуваа: Гачевски, Стојанов, Мишковски, Ристески, Глишиќ, Мицевски, Николов, Јованов, Блажевски, Наумоски, Петковски.

Планирани се уште два пријателски мечеви, на 6 февруари против Динамо Москва 2 (Русија) и Херманстад (Романија) на 7 февруари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сѐ за „стелт омикрон“: Сестринската варијанта на омикрон е уште позаразна, може да предизвика бран на „двогрба камила“

Следно

ОМО Илинден: Радев лаже дека сме сепаратисти за да ја оправда дискриминацијата кон нас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian