ВИДЕО | Петар Грашо директен кон медиумите: Ги почитувам нивните правила на игра, но сакам да си го зачувам приватниот живот за себе!

2 mins read

Хрватскиот поп пејач Петар Грашо вчера славеше на доделувањето на музичките награди „Цезарица“ и дома си замина со награда за хит на годината за 2021.

Песната „Je l’ ti reka ‘ko“ ја работеше со семејството на неговата партнерка Хана со која чекаат дете.

За својот однос кон медиумите и како се чувствува по повод постојаните споменувања на неговата семејна релација со Хулиќ, бебето што го очекуваат, тој отворено рече:

„Ја секогаш молчам, а за мене се пишуваат секакви нешта. Ќе останам доследен на тоа. Потполно ја почитувам медиумската работа и не сум лут на нив затоа што тие се посветени на една работа – а тоа е бројот на кликови за одредена статија. За мене тоа е нормално, тоа се правила на игра. Ќе останам верен на себеси, а тоа е приватниот живот да си го чувам за себе, да не ја малтретирам публиката со тоа, а истовремено ќе ги почитувам медиумите, и нема никогаш да влегувам во кавга со нив, затоа што некои нешта им се занимливи за мене – изјави Грашо по доделувањето на нагрaдата.

Тој изјави дека никогаш не доживеал некаква непријатност со медиумите, но поради огромната желба за неговиот приватен живот, одредени вести не се вистинити.

„Имаме нормален живот, си ги живееме животите и кога не сме на пат или со обврски, одиме на ручек, се дистанцираме од луѓе и тоа е тоа“

Хана и Петар се заедно од минатата година, а сега планираат венчавка, очекувајќи го своето прво заедничко дете.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Побједа”: Кривокапиќ за утре закажа итна седница на црногорската Влада, можно е да поднесе оставка

Следно

Кошаркарите против Грузија во Тбилиси и во спортскиот центар „Борис Трајковски“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian