Јужна Кореја го обезбеди учеството на Светското првенство во Катар

1 min read

Во рамките од азиските квалификации репрезентацијата на Јужна Кореја со 2:0 успеа да ја совлада Сирија и официјално си обезбеди „билет“ за Мундијалот оваа година.

Јужна Кореја за првпат играше на СП во 1954 година, по што чекаше дури 32 години да се повтори тој успех. Од шампионатот во Мексико 1986 година, до денес е редовен учесник на Мундијалите.

На денешниот дуел во Дубаи, Сиријците први постигнаа гол во 10 минута преку Хрибин, но истиот беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел нивните противници ги реализираа двата погодоци, за водечки се погрижи Ким Јин-Су во 53 минута, а конечниот епилог го поставии Квон Чанг-Хоон (71`).

Од групата „А“ покрај Јужнокорејците, пласман на Светското првенство се пласираше и селекцијата на Иран. И од групата „Б“ треба да дознаеме нови патници, а таму се борат Саудиска Арабија, Јапонија и Австралија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Заборави на тужбата“: Се огласи таткото на Ријана по веста за нејзината бременост

Следно

Дритан Бакали нов командир на Полициската станица во Дебар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian