Тага во Италија: Почина Маурицио Ѕампарини, поранешниот претседател на Палермо

1 min read

Екс првиот човек на Палермо чии бои претходно ги бранеа македонските фудбалери Илија Несторовски и Александар Трајковски, Маурицио Ѕампарини почина на 81-годишна возраст.

Клубот од Сицилија за време на неговиот мандат ги доживеа најсветлите моменти во својата историја. Екипата беше стабилен член во италијанската Серија А, успеа да стигне и до УЕФА натпреварувањата.

А благодарение на Ѕампарини беа реализирани големи трансфери како Пауло Дибала во Јувентус, Единсон Кавани во Наполи и Хавиер Пасторе во ПСЖ.

Пред Палермо, Ѕампарини ја водеше Венеција која ја спаси од банкрот, а по него банкротира и познатиот клуб од Сицилија.

Клубот основан во 1900 година имаше проблеми по заминувањето на Ѕампарини, поради малверзации, на Палермо му беа одземени 20 бода во сезоната 2018/2019 и беше исфрлен во Серија Д.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Јон Ајдини или Yon Idy: Ќе успее ли да ја испее „Dreams“ на Евровизија?

Следно

Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ портпарол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian