Што ни носи младата месечина во Водолија: Подгответе се за нови почетоци и промени

3 mins read

На првиот ден од февруари имаме младата месечина во Водолија, која во комбинација со Уран во Бик, носи енергија за нови почетоци.

Сето она што до вчера не можевме ниту да го замислиме, Универзумот може да го направи за нас. Близината на Сатурн ќе ви помогне појасно да ја согледате реалноста, ограничувањата, можностите и со таа јасност да го ослободите она што повеќе не ви служи и да му дозволите на Уран да ви покаже што е слобода.

Најдете го вашиот простор на слобода во себеси и осмелете се да пробате нешто ново. Не останувајте таму каде што има страв, болка, каде што не се чувствувате добро и каде што нема сонце што ви го осветлува патот и ви помага да растете.

Голем хороскоп за месец февруари: Близнаците ќе најдат решение, Лавовите ќе се соочат со нови предизвици…

Овој аспект носи излез од периодот на преиспитување. Универзумот ни дава шанса да се движиме. Ако тоа ви се чинеше невозможно поради некои околности, сега работите се менуваат.

Сега е време на големи промени и време да се создаде живот според личните потреби, а не според очекувањата на другите.

Младата месечина во Водолија ќе ве поттикне да ги остварите вашите амбиции. Да го направите тоа на креативен и генијален начин. Иако сè уште не гледате јасно што следува, ќе почувствувате дека се движите кон подобар, поисполнет и поубав живот.

Древен хороскоп на Инките и Ацтеките: Кои знаци се „зли сили“, а кои „заспани змии“?

Дури и ако не сте подготвени сами да се впуштите во таква авантура, животните околности ќе го направат тоа наместо вас.

Уран ќе ве мотивира се повеќе да се стремите кон слободата, да се ослободите од секакви наметнати ограничувања, лоши верувања, токсични навики и да се ослободиме од сè што ве попречува и гуши. Ќе бидете принудени да ја напуштите зоната на удобност и да се промените себеси и светот околу вас за конечно да почнете да живеете.

Сè што е нереално и не може дополнително да се развива, си заминува, се менува и трансформира во наша корист. Играјте. Испробајте нови можности. Започнете го разговорот со прашање.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Во петок, 4 февруари, покрај сето ова небото, испраќа поддршка и преку планетата Меркур, која конечно се движи во права линија, па многу полесно ќе „течат“ сите договори и разговори.

Поврзете се со луѓе кои можат да ви помогнат. Уживајте во малите нешта и промените што следат.

Животот е премногу краток за да го потрошиме на она што не нè прави среќни – сега е време да се ослободиме од сè што нè растажувало во минатото и со радост да зачекорите во новото поглавје од животот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За првпат над 100 илјади новозаразени за 24 часа во Турција

Следно

Пандев: Тешко е да се напуштат овие бои, Џенова секогаш ќе биде во моето срце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian