Пандев: Тешко е да се напуштат овие бои, Џенова секогаш ќе биде во моето срце

1 min read

Македонскиот напаѓач одлучи оваа зима да ја напушти Џенова после седум години соработка и се пресели во редовите на Парма.

Горан Пандев веќе тренира со своите нови соиграчи и наскоро очекуваме да настапува и во италијанската Серија Б.

За Џенова од 2015 година имаше вкупно 176 настапи со 28 постигнати голови.

Преку социјалните мрежи му се заблагодари на клубот, иако изрази желба уште еднаш да се врати на „Мараси“ и на вистински начин да се поздрави со навивачите.

– Тешко е да се напуштат овие бои. Чувствував дека е време да си одам, никој не ми порача да си одам. Секогаш Џенова ќе биде во моето срце. Би сакал да се вратам уште еднаш и да ги слушнам навивачите за последен пат. Благодарам за емоциите кои ми ги дадовте. Џенова засекогаш – објави Пандев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што ни носи младата месечина во Водолија: Подгответе се за нови почетоци и промени

Следно

Шаќири: Учениците и наставниците уживаат и се среќни што се вратија во училиштата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian