Oд утре Финска ги олеснува ковид мерките, во рок од еден месец ќе бидат укинати сите

1 min read

Финска од утре ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради корона вирусот, а сите мерки ќе бидат укинати во рок од еден месец, соопшти премиерката Сана Марин.

Граничните контроли за оние кои доаѓаат во Финска од земјите во Шенген зоната ќе бидат укинати од почетокот на февруари. Во моментов потребно е на граница да се покаже сертификат за вакцинација, заедно со негативен резултат од ПЦР тест.

Од утре во Финска ќе може да се влезе или со ковид-сертификат или со потврда за прележана болест или со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа. Овој услов ќе важи за сите родени пред 2006 година. Ќе се ублажат и мерките за ресторани и настани каде што ризикот од ширење на корона вирусот се смета за низок.

Регионалните и локалните власти добија инструкции да престанат да затвораат места со низок ризик, вклучително и театри и спортски сали, од утре, 1 февруари, како и да прекинат со откажувања на настани.

Од почетокот на февруари рестораните ќе можат да работат до 21 часот, наместо како досега до 18 часот. Послужувањето алкохол ќе мора да престане најдоцна до 20 часот, наместо до 17 часот, како досега. Баровите и пазарите ќе продолжат да затвораат во 18 часот.

kurir.mk

Претходно

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средба со Претседателите на ДОМ, ТДП и Српската странка во Македонија

Следно

ФОТО | По повод јубилејниот роденден, принцезата Мери од Данска блесна во сино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian