Нежно цветче со моќно дејство: Камилицата е неверојатен смирувач на симптоми кај овие болести

2 mins read

Лековитите својства на камилицата ги препознале и старите Римјани и Грци, а постоја докази дека медицинските цели ги користеле и Египјаните. Денес, речиси и да не постои дом во кој не се вари чај од камилица во студените денови, или пак се прават облоги за било какви промени на кожата.

Еве за што друго може да ви помогне оваа делотворна билка со најнежен цвет.

Ги ублажува грчевите кај бебињата

Добрите познавачи на лековитите моќи на билката како камилица, препорачуваат да ја пијат луѓе кои имаат тешка волја, често се нерасположени, преморени или имаат главоболки. Често се препорачува и како „спасоносен“ чај против менструални болки, а токму поради бенефитот за органите за варење, се препорачува и кај малечките деца и бебињата.

Спас за желудникот

Топло се препорачува пиење чај од камилица и за луѓето што си имаат мака со желудникот. Чајот од мешавина на камилица, нане и маточина е одличен во борбата против болки во желудникот. Чајната мешавина помага и при главоболки, чир на желудникот или внатрешни воспаленија.

unsplash

Облоги против воспаленија

Есенцијалното масло од камилица има прекрасна сина боја, и е едно од најдобрите билни лекарства за смирување воспалена кожа. Платени торбички со цветчиња од камилица добро заврзете ги и загрејте ги на сува тава. Оваа облога можете да ја ставите на болна кожа, воспалено уво, чувство на напнатост во вратот или околу устата ако имате мака со гингивитис, непцето или забоболка.

Решава прелада и грип

Топлиот чај од камилица е одлична превентива во време на пандемија, особено при инфекции и вируси. Делува антисептично и го зајакнува имунитетот, стимулира создавање бели крвни зрнца и му помага на организмот да се избори со вирусите. Млакиот чај од камилица може да го испирате и на очи, потопен во памук, особено ако имате уморни очи, инфекции или конјуктивитис, чест кај деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Спасиле студентка од деветиот кат, сите виселе на 27 метри висина

Следно

Лукаревска–Ампева: „Гласен Текстилец” е партнер на УЈП во сузбивање на сивата економија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian