Македонскиот репрезентативец Вајли потпиша за Реал Бетис

1 min read

Денеска Реал Бетис ја информираше јавноста дека Џејкоб Вајли (27) до крајот на сезоната ќе ги брани боите на шпанскиот кошаркарски клуб.

Македонскиот репрезентативец веќе има искуство од настапите во Ендеса лигата каде што ги бранеше боите на Гран Канарија и Сарагоса.

Оваа сезона Американецот со македонски пасош после натпреварите од квалификациите за Светскиот куп требаше да се врати во екипата на Будуќност од Црна Гора.

Но, Вајли не им се врати на клупските обврски, самоиницијативно ја напуштил Подгорица и беше суспендиран од Црногорците.

Во кариерата настапуваше уште за Бруклин нетс, Лонг Ајленд нетс, Лудвигсбург, Аделејд сиксерс и Панатинаикос.

Моментно во најсилното шпанско првенство составот на Реал Бетис е на последното 18 место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лара Иванова по стапките на Калиопи: Ако ја освои довербата, на Евровизија ќе запее и на македонски

Следно

Беќаровски: Ќе ги бранам моите ставови пред Комисијата, доколку наидам на неразбирање ќе се повлечам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian