Македонија прва во Европа по број на избегани затвореници

2 mins read

Македонија неславно се најде на првото место во Европа по број на избегани затвореници на секои 10.000 затвореници. Индексот 691 би значел дека во 2020 година од земјата избегале 140 лица од вкупно 2.000 затвореници. На второто место се наоѓа Холандија со избегани 315 затвореници, а на трето место Швајцарија 284 лица.

Овие податоци се објавени на сајтот landgeist.com кои се повикуваат на Годишната казнена статистика на Советот на Европа.

За споредба, нашите соседи имаат индекс од 0 до 22 избегани затвореници на 10.000 лица, а во регионот се истакнува Хрватска со индекс 65, што е за десет пати помал индекс од македонскиот. Се чини дека во помалите земјите кои природно имаат помалку затвореници луѓето повеќе бегаат, пишува во статијата. Ова важи и за нордиските земји, како Холандија, кои имаат малку затвореници, но многу бегства. Исклучок меѓу нив е само Белгија.

Чудно е дека на мапата во соседна Албанија, Црна Гора, па и Словенија нема воопшто избегани. Тоа е затоа што овие земји, барем формално, не пријавиле бегства од нивните затвори. Во групата со „нула“ бегства спаѓаат и Малта, Кипар, Сан Марино, Монако, Чешка, Северна Ирска и Латвија.

„Нулата“ е разбирлива за градот-држава Сан Марино, која имаше само еден затвореник во 2019 година, а следната 2020 година воопшто немаше затвореници.

За утеха, Македонија е во европскиот просек од 80 до 100, кога станува збор за тоа, колку затвореници има на 100.000 жители. Ние имаме 102, односно околу 2.000 затвореници на 2 милиони жители.

kurir.mk

Претходно

Секој трет тестиран има корона, за една недела од ковид – 19 во Македонија починаа 148 граѓани

Следно

Разговор со Јон Ајдини или Yon Idy: Ќе успее ли да ја испее „Dreams“ на Евровизија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian