Лапорта: Тешко е да се разбере што се случи со Дембеле

2 mins read

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта го коментираше неуспешниот обид на клубот да се раздели со Усман Дембеле. Договорот на напаѓачот истекува на лето и Каталонците вчера се надеваа или да го продадат или да го позајмат.

На крајот, сепак, ништо од тоа не се случи и Французинот остана на „Камп Ноу“ до летото, по затворањето на преодниот рок. Двете страни не успеаја да се договорат за нов договор и Лапорте го обвинува играчот дека не пронашол нов клуб.

– Тешко е да се разбере што се случи со Дембеле. Мислам дека имаше договор со друг клуб. Бевме изненадени што не ја прифати понудата на тимот од Англија (Челси). Усман претпочита да остане тука, што не е добро ниту за него ниту за клубот. Сега е дел од тимот. Тренерот Чави Ернандез мора да работи на сегашноста, но и на иднината, доколку Дембеле не е тука во иднинатa – рече Лапорта денеска пред медиумите.

Лапорта потоа проговори што се случи со неуспехот на преговорите за новиот договор.

– Самиот Дембеле сакаше повторно да потпише. Но, тогаш тој и неговиот агент побараа повеќе пари и сето тоа тргна наопаку. Неговиот агент не кажа ништо конкретно, ние го дадовме максимумот, но тој не ја прифати нашата понуда. Усман рече дека нашата понуда е многу добра, но потоа настана проблемот со парите. А кога ние како клуб одговоривме дека од наша гледна точка финансиските услови што му ги нудиме се доволно добри, неговиот агент реши да молчи. На крајот моравме да ја објавиме лошата вест. Едноставно бевме должни да му покажеме дека нема да бидеме дел од овој театар.

Добрата вест е што вчера, со сите наши сили, успеавме да го регистрираме Адама Траоре, а доколку помине добро како што треба, истото ќе се случи и со Обамејанг – се зборовите на Лапорта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Милена Антовска објави прва фотографија од бебето Јоана: Сестрите не се испуштаат од раце

Следно

Уапсениот дипломат Миле Миленкоски ослободен од притвор во Србија, се врати во Скопје: Нанесена ми е огромна штета врз честа и угледот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian