Кошаркарите против Грузија во Тбилиси и во спортскиот центар „Борис Трајковски“

1 min read

Во продолжението од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023, македонската сениорска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен.

Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27 февруари, во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на четвртото коло од групата „Г“ од квалификациите за СК 2023.

Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24 февруари во Тбилиси, од 16 часот), ќе започне од 20.00 часот.

Нашата селекција предводена од Драган Бајиќ стартуваше со два порази, дома против Шпанија (65:94) и на гости кај Украина со 78:61.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Петар Грашо директен кон медиумите: Ги почитувам нивните правила на игра, но сакам да си го зачувам приватниот живот за себе!

Следно

17 луѓе по третпат се заразиле со Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian