Кина вели Американците ќе им плаќаат на спортисти да ги саботираат ЗОИ Пекинг 2022

1 min read

Кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Американски Држави дека планираат да ги „саботираат“ Зимските олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари) со тоа што би им платиле на спортисти од некои земји да вложат само половични напори во своите натпревари и да ја критикуваат Кина, јавува Ројтерс.

Обвинувањата се изнесени во услови на тензии меѓу двете велесили, што вклучува и дипломатски бојкот на Игрите од страна на САД, на кои им се приклучија неколку други земји.

Запрашана за кинеските обвинувања, Амбасадата на САД во Пекинг го повтори претходниот став дека Вашингтон не ја координира глобалната кампања во врска со учеството на Олимпијадата.

Весникот „Чајна дејли“ цитираше неименувани извори дека САД имаат план да „поттикнат спортисти од различни земји да го изразат своето незадоволство кон Кина, да настапат пасивно на натпреварите, дури и да одбијат да учествуваат“.

За возврат, се вели, Вашингтон ќе обезбеди голема сума на компензација за да помогне во заштитата на угледот на спортистите кои избираат „пасивно“ да се натпреваруваат. Американската амбасада изјави за Ројтерс: „Ние не координиравме глобална кампања во врска со учеството на Олимпијадата“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џенифер Лопез за втората шанса со Афлек: Тој е сè што отсекогаш знаев дека е и сакав да биде

Следно

Димитријевиќ и Валенсија поразени во дербито на Еврокупот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian