КАЗНИ ОД 600 ДО 3.600 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ВАКЦИНА: Од денес во оваа европска држава стапува на сила законот за задолжителна вакцинација

1 min read

Во Австрија денеска стапи на сила законoт, според кој вакцинацијата е задолжителна за сите лица над 18 години.

Неколку земји ширум светот воведоа задолжителна вакцинација за постарите граѓани или медицинскиот персонал, но Австрија е прва во Европа што усвои слични прописи. Австриската администрација посочува дека вакцинацијата е ефикасна во борбата против тешките болести и дека законот е неопходен за да се избегнат нови блокади. Австриската министерка за ЕУ ​​и устав, Каролин Едштадлер изјави дека администрацијата е свесна дека ова е многу тешка мерка, но дека е неопходна.

– Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за да може општеството нормално да функционира, рече Едштадлер.

Таа признава дека задолжителната вакцинација е мешање во човековите права, но посочува и дека во овој случај тоа е оправдано.

– Неопходно е да се излезе од пандемијата, а вакцинацијата е единствениот начин да се направи тоа и да се вратиме на нормалниот тек на животот, вели таа.

Едштадлер нагласи дека Законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но дека тоа може да се случи и порано доколку пандемијата го дозволи тоа. Таа додаде дека властите нема да го проверуваат статусот на вакцинација на населението до средината на март. Оние кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Исклучоци од вакцинација се дозволени само поради медицински причини или бременост.

kurir.mk

Претходно

Видео: Несовесен посетител ги малтретира животните во скопската ЗОО

Следно

ФОТО | Цеца ужива на Малдиви: Сини ноќи во сатен и млеко од кокос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian