Џенифер Лопез за втората шанса со Афлек: Тој е сè што отсекогаш знаев дека е и сакав да биде

5 mins read

Џенифер Лопез има многу причини да биде благодарна и многу среќна. Нејзината филмска и музичка кариера, како и секогаш, е во нагорна линија.

Во текот на последните неколку години, како што откри ѕвездата успеала да стигне до место на внатрешен мир за кое сонувала поголемиот дел од нејзиниот живот.

„Никогаш не сум се чувствувала подобро“, изјави 52-годишната ѕвезда за „People“. „Едноставно сите сме во еден многу убав момент“.

Секако, голем удел во среќата на Лопез има и Бен Афлек

„Се чувствувам многу среќна, среќна и горда што сум со него“, вели таа која е доказ дека понекогаш давањето втора шанса, вреди.

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа заедно од 2002 до 2004 година, но тогаш решија да ја откажат свршувачката. Минатата пролет повторно се „најдоа“, но како што открива Лопез постоело страв да не се повтори и тажниот дел од приказната.

„И двајцата си велевме „Леле, многу сме среќни и не сакаме ништо од тоа повторно да се случи“. Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на различни места во нашите животи, сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи. Ние сме толку заштитнички настроени затоа што е толку убаво време за сите нас“, вели пејачката.

„Едноставно се чувствувам многу среќна и благодарна што сум во среќна и љубовна врска, и сакам да направам се што можам за да го заштитам тоа и да го зачувам безбедно. Тоа го заслужува, навистина го прави. … тоа е свето“, емотивна беше Лопез.

Речиси две децении подоцна, работите сепак се поинакви

„Прекрасно е тоа што на некој начин е многу поинаку отколку што беше пред години… Има повеќе благодарност и славење на тоа, што е убаво“, вели Лопез, која ја цени нивната втора шанса за љубов. „Кога ќе најдете некого и навистина, навистина го сакате и добивате втора шанса за тоа? Тоа е навистина ретка, скапоцена, убава работа и ние не го земаме здраво за готово“.

Иако се согласува дека може да биде деликатно доведувањето на децата во каква било нова врска, таа вели: „Искрено верувам дека љубовта владее со сè. Љубовта секогаш победува сè – врските, децата, работата, работните односи. Сè е до тоа колку сакате, колку сте отворени и колку прифаќате. Немањето его за нештата и прифаќањето на сетодобро, секогаш гледајќи го позитивното“.

„Кога сте во здрава врска, сите имаат корист од тоа“

Афлек вложил премногу напор и емоции за да се подобри на тој пат, вели таа.

„Толку сум горда на него, толку сум горда на човекот во кој стана што го гледав оддалеку. Да се ​  биде искрен еден со друг, да се сакаме, тоа е основата на сè“, вели Лопез. „Се чувствувам како тој да е на место во својот живот каде – исто како што се чувствувам јас за себе – тоа беше учење и откривање на себе, доаѓање до место каде што се чувствувате навистина добро самите со себе и со тоа кои сте вие за да можете да бидете во среќна, здрава врска“.

Таа додава: „Да се ​​види личноста, човечкото суштество, човекот што е денес, таткото што е денес, партнерот што е – тој е сè што отсекогаш знаев дека е и сакав да биде“.

„Она што можам да ги научам моите деца е дека постои вистинска љубов“, вели таа. „Некои работи можат да бидат вечни, но тоа не значи дека тие имаат само права линија“.

Иднината со Афлек

„Само сакам мојата иднина да биде полна со љубов и среќа, со моите деца и мојот партнер. Мислам дека сите само сакаат да бидат среќни, со некој да го продолжат патувањето и остарат заедно, и јас се чувствувам добро во врска со тоа во моментов“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во тек е обид за државен удар во Гвинeа Бисао

Следно

Кина вели Американците ќе им плаќаат на спортисти да ги саботираат ЗОИ Пекинг 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian