ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Спасиле студентка од деветиот кат, сите виселе на 27 метри висина

1 min read

Студентката Ирина Јерпулева од запалениот стан на девети кат ја извлекувале момчето и пријателот, а за среќа сите поминале со полесни повреди.

Наводно, снимката е направена во саботата во Москва, а на неа се гледа како двајца момчиња спасуваат девојка од запален стан, ризикувајќи си го животот, бидејќи немале време да користат заштитни јажиња. 18-годишната Ирина Јерпулева била спуштена од прозорот на деетиот кат во станот под него, без безбедносни помагала. Нејзиното момче, 20-годишниот Тимур Закиров и прјателот Адел Акхметзианов неколку моменти претходно се симнале и сопственикот на стан им помогнал да влезат низ прозорецот.

-Ги преколнував се додека Тимур не почна да вика на мене, тоа ме прибра, раскажала Ирина, на која момчето ѝ го спасило животот.

-Се симнав доле, Тие ме упатија и ми рекоа што да правам. Ме фатија за нозе и ме повлекоа низ прозор на 8 кат, додала таа.

Стравот дошол подоцна откако сфатиле колку високо биле и дека секој погрешен потег може да заврши кобно. Студентката се здобила со исекотини, гребаници и труење со јаглероден моноксид, но не ѝ требало болничко лекување.

kurir.mk

Претходно

Ограбена жена, крадец насилно ѝ ја одзел чантата

Следно

Нежно цветче со моќно дејство: Камилицата е неверојатен смирувач на симптоми кај овие болести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian