Во рамките од 12 коло во кошаркарскиот Еврокуп составот на Валенсија во шпанската пресметка загуби на гостувањето кај Гран Канарија со 91:90 после едно одиграно продолжение.
Кај домаќините најефикасен беше А.Џ. Слотер со 23 поени, следен од Калифа Диоп (18 поени, девет асистенции).
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ на спротивната страна за 26 минути игра на паркетот постигна седум поени, воедно запиша пет асистенции.
На табелата во групата „Б“ Гран Канарија е на првото место со учинок 9-2, пред второпласираната Валенсија (8-4).
Во следното коло Валенсија на 9 февруари на домашен терен ќе ги одмери силите со Виртус Болоња.