Блинкен – Лавров: Смирување на тензијата им одговара на двете страни

1 min read

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен ја повика Русија „веднаш” да ги деескалира тензиите и да ги повлече своите војници од границите на Украина во разговорот денеска со рускиот колега Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.

Блинкен „нагласи дека понатамошната инвазија на Украина ќе биде дочекана со брзи и тешки последици”.

Тој ја повика Русија „да тргне по дипломатски пат”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Вашингтон е подготвен да разговара за барањето на Москва за безбедносните гаранции, во коментари што се дадени директно по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Лавров истакна дека му рекол на Блинкен оти Русија ќе продолжи да инсистира на нејзините барања, вклучително и дека Западот се држи до своите безбедносни „обврски”.

Шефот на руската дипломатија додаде дека „Блинкен се согласил оти тоа е тема за натамошна дискусија”.

kurir.mk

Претходно

Дритан Бакали нов командир на Полициската станица во Дебар

Следно

Сѐ за „стелт омикрон“: Сестринската варијанта на омикрон е уште позаразна, може да предизвика бран на „двогрба камила“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian