Бен Валас во посета на Загреб, остварена средба со Пленковиќ

1 min read

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска во Загреб се сретна со британскиот министер за одбрана Бен Валас, соопшти хрватската влада, пренесува хрватски Индекс.

На разговорите станало збор за натамошната стратешка соработка меѓу Хрватска и Обединетото Кралство во областа на одбраната и безбедноста, како и за зајакнување на политичкиот дијалог.

Разговарале за состојбата во Украина и БиХ

Биле разменети мислења за актуелната состојба на украинско-руската граница, како и на територијата на Југоисточна Европа, со посебен акцент на Босна и Херцеговина.

Потврдена е взаемната желба за продлабочување на хрватско-британските односи и заедничката посветеност за зајакнување на европската безбедност, се вели во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лефков: СДСМ бегаат од одговорност, во трите клучни министерства каде има криза, СДСМ нема кадри

Следно

Топло и сочно: Ролат-пита со спанаќ и сирење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian