Беќаровски: Ќе ги бранам моите ставови пред Комисијата, доколку наидам на неразбирање ќе се повлечам

2 mins read

Моите ставови и погледи за пандемијава кои многупати јавно ги споделував, од денес ќе пробам да ги образложувам и бранам, пред моите колеги од Комисијата и се надевам дека барем за дел од нив ќе наидам на разбирање, или пак на мое неодложно повлекување од Комисијата, вели доктор Нико Беќаровски во статус на фејсбук.

Денес по покана од Кабинетот на Министерот за здравство, присуствував како нов член на конститутивната седница на Комисијата. Членството во оваа Комисија преставува укажана чест, уште поголема обврска, но како и се друго во нашата држава и спремност за многубројни навреди, дискредитации, закани итн. За сите “душегрижници” кои тврдат дека сме платеници веднаш да ги разочарам, бидејќи членувањето во Комисијата е без никаков паричен надомест и е доброволен ентузијазам на 26 доктори, кои во рамките на своите можности и знаење, ќе пробаат да формулираат препораки и совети до Министерот како побезболно да се пребродат сите предизвици од пандемијата, напиша тој во својата објава на Фејсбук.

Како што вели тој, ќе се труди на што повеќе луѓе да им одговорам на прашањата кои ги поставуваат, пред се во Ковид-19 групата.

Токсикологот проф. д-р Нико Беќаровски е еден од новите членови на Комисијата за заштита на населението од заразни болести, објави денеска на прес-конфренција министерот за здравство Беким Сали.

Претходно беше објавено дека д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје е именуван за портпарол на Комисијата којашто отсега ќе ја води проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија.

Комисијата, која брои околу 20 членови, досега ја водеше д-р Жарко Караџовски.

Претходно, во неделата попладне, преку Фејсбук статус Сали ги покани професорите на Медицинскиот факултет Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат членови на Комисијата или пак да бидат негови советници. Тие не ја прифатија поканата.

Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ портпарол

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот репрезентативец Вајли потпиша за Реал Бетис

Следно

МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА: Иредентистички скандирања среде Софија и никој не реагира! (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian