Аријанит Хоџа: Оваа Влада нема легитимитет, ќе испровоцираме нови избори!

1 min read

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Click Plus“.

-Оваа Влада нема лигитимитет. Ова мнозинство не е стабилно. Нема да издржат. Гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ. Ние како движење Беса, овој период сме фокусирани на внатрешни партиски избори. Имаме конгрес. Исто е и со Алијанса за Албанците, изјави Хоџа во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека оваа Влада нема да издржи и дека ќе има нови предвремени парламентарни избори.

-Веднаш по периодот на конгресот, ние ќе испровоцираме нови избори. Нема да кажам како, но тоа ќе се случи. Дали преку протести, дали преку други механизми, ќе видиме, додаде Хоџа.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Стојчески: За уривање на предрасудите мора да работиме на елиминирање на стереотипите помеѓу Грција и С Македонија

Следно

Важно е и времето кога се зема: Кога треба да ги пиете таблетите за срце, за висок крвен притисок или за тироидна жлезда?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian