17 луѓе по третпат се заразиле со Ковид-19

1 min read

17 луѓе во Македонија по третпат се заразиле со вирусот Ковид-19, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Како што се вели во извештајот, заклучно недела (30.01.2022) регистрирани се вкупно 6.494 реинфекции од кои 17 се втори реинфекции.

-Според извештаите од болниците моментално е хоспитализирано 671 лице (22,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка (14,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (14,8% повеќе во споредба со претходна недела), се вели во извештајот.

kurir.mk

Претходно

Кошаркарите против Грузија во Тбилиси и во спортскиот центар „Борис Трајковски“

Следно

Општина Карпош ќе формира Штаб и Просторна единица за заштита и спасување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian