Животната приказна на единствената жена која можеше да го остави Пикасо: Наполни 100 години, и сепак сé уште мисли на него!

6 mins read

Франсоа Жило има сто години и поголемиот дел од времето го поминува во своето атеље.

Сликарката и писателка Франсоа Жило, најпозната како една од седумте големи љубови на Пикасо, која во ноември минатата година наполни 100 години, даде интервју за Њујорк Тајмс.

Тимот на списанието ја посети уметничката во нејзиното студио на Менхетен, а таа ги поздрави облечена во светло црвен костим, објаснувајќи дека носи црвено како еден вид заштита и афирмација на нејзиниот силен карактер („Црвената ми дозволува да се претставам во светлината – Сакам да бидам што другите гледаат“). Елегантна и сепак убава, таа со ентузијазам зборуваше за својот живот, успех, стил, внатрешен свет и секако – Пикасо.

пикасо франсоа жило
Фото: Profimedia

Бурниот живот на уметникот

Овој пат таа детално не ја опишува врската со големиот уметник, тоа веќе го имаше направено во книгата „Живот со Пикасо“, која ја напишала во 1964 година заедно со новинарот Карлтон Лејк, а подоцна според неа е снимен и филмот „Преживеј го Пикасо“ со Ентони Хопкинс во главната улога. Десет години врска со ексцентричниот уметник, кој ги третираше жените „како божици или душеци“, не беше лесна, но таа е единствената што се осмели да го остави и најверојатно ќе влезе во историјата на уметноста, иако нејзините дела се изложени во повеќе од десет музеи ширум светот, а побарувачката за нив постојано расте, ќе биде запаметена по тоа.

Бидејќи таа детално опишала како Пикасо се однесувал кон неа и со неговите поранешни љубови, сликарот бил толку лут на Жило што никогаш не ѝ простил за нејзината книга или нејзиното заминување. Многу од жените со кои бил во врска страдале од ментална болест или си ги одзеле животот, а познато е дека кога ја запознал Дора Мар, а со Марија Тереза ​​Волтер веќе му било здодевно, Пикасо договорил двете жени да се сретнат кај него во неговото студио. Кога чул дека двете се степале, сурово рекол – нека победи подобрата, а подоцна тој конфликт го опишал како една од најубавите работи што ги доживеал во животот. И ја забележал таа борба на платното со сликата „Птици во кафез“, на која црната гулаб Дора се бори со белата Мари, а црната победува.

пикасо франсоа жило
Фото: Profimedia

Франсоа во одличното интервју за Њујорк Тајмс откри неколку детали за нејзиниот живот. Првата е дека таа била бунтовничка од рана возраст, се бунтувала најпрво против нејзиниот татко, кој секогаш ѝ ставал до знаење дека наместо таа сакал син. И покрај тоа што се плашела од крв и височина, тој ја принудил да се искачи на највисоките карпи и да скокне од нив, што, според уметнтичката, ја направило посилна како личност на осумгодишна возраст, што подоцна и помогнало да се оддалечи од буржуското воспитување и да се посвети на боемскиот начин на живот.

Веќе на 21-годишна возраст, таа го започнува својот живот со Пикасо, кој тогаш имал 61 година и бил многу познат. Врската, со подемите и падовите, со постојаното присуство на неговите поранешни сопруги кои парадираа наоколу, траеше десет години, а тие добија две деца – синот Клод и ќерката Палома. Во своите мемоари, Франсоа, опишувајќи го големиот уметник, напиша дека Пикасо знаел да биде нежен, но понекогаш и многу суров. Во една прилика при жестока расправија и се заканувал дека ќе ја запали, притоа залепувајќи ѝ цигара на лицето.

пикасо франсоа жило
Фото: Profimedia

„Беше сигурен дека ќе се повлечам, но јас бев решена да не му го пружам тоа задоволство. Кога бевме млади не учеа да молчиме, дека е полесно да се освои „Второ место отколку прво“. Си велиш дека е во ред, но не е. Важно е да научиме јасно да кажуваме што сакаме и кои се нашите желби“, рече таа.

пикасо франсоа жило
Фото: Profimedia

Напуштањето на Пикасо беше долг и напорен процес кој заврши во 1953 година.

Биографите напишале дека кога си заминала, Пикасо викал по Жило: „Ниту една жена не остава маж како мене“, а таа подоцна во својата книга рече дека сликарот е нејзината најголема љубов во животот, но дека нашла сила да замине пред тој ја уништи.

„Човек мора да направи нешто за да се заштити себеси. Јас го направив тоа. Другите не. Погледнете што им се случи – се залепија за моќниот минотаур и платија жестока цена“, напиша таа.

Две години подоцна се омажи за уметникот Лука Симон со кој доби ќерка. Тие се разведоа во 1962 година, а во 1970 година таа се омажи за Џонас Салк, кој работеше на развој на вакцина против детска парализа. Тој брак траел до неговата смрт во 1995 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија, епицентарот во охридско

Следно

УЕФА тужи: Во германска пицерија се јаде пица „Лига на шампињони“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian