Два послаби потреси се регистрирани вечерва на 11 километри североисточно од Охрид. Земјотресите ги почувствуваа жителите на Охрид, Струга, Ресен и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва регистрираше земјотреси кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината“, велат од Сеизмолошката опсерваторија.