Во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, 15 лекари, сестри и друг медицински кадар се во изолација поради ковид-19 потврди за „Слободен печат“ директорот доктор Бесник Зекири. Со ротации сепак се успева да се постигне работата да биде непречена за пациентите.
Тој додава дека во моментот на Институтот хоспитализирани се 28 деца. Според последната статистика на Институтот за јавно здравје, во земјава активни се 20.114 случаи. Од 17 до 23 јануари, како што информираше ИЈЗ, се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најголемо зголемување кај возрасната група од 0 до 9 години, кое изнесува 30.9 проценти споредено со претходната недела.