ВИДЕО | Српската пејачка Теа Таировиќ ја разлути македонската јавност: Нема поубаво девојче од Бугарче?

2 mins read

Српската пејачка Теа Таировиќ предизвика бура негативни реакции на социјалните мрежи откако се појави видео од нејзин настап во Благоевград, Бугарија.

Имено, пејачката го измени текстот на нашата народна песна „Македонско девојче“ и на сет глас пееше „нема поубаво девојче од Бугарче“, а истото го сведочи видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Видеото ја разгневни македонската публика по што следеа бројни критики упатени кон пејачката, а некои отидоа до таму што предложуваат да ѝ се забрани влез во нашата земја.

По случувањата, Таировиќ која има свои обожаватели во Македонија се огласи на својот инстаграм-профил со цел да ја разреши ситуацијата.

„Ова е песна кога се вика „Македонија“ и која ќе се најде на албумот кој треба да излезе во април оваа година.  Песната ја напиша татко ми и тоа беше песна со која сакав и сè уште сакам да ви оддадам почит и благодарност за сета љубов што ја имам од вас“, го започна обраќањето таа.

„Вчера ја пеев песната „Македонско девојче“ во Бугарија во Благоевград. На мојот настап имаше и Бугари и Македонци и на крајот на самата песна тоа што го променив текстот значеше само љубов, едноставно искажување почин и кон едните и кон другите. Ако сакате попрецизно, тој дел од текстот ѝ го пеев на една преубава девојка која беше во публика. Не ме интересираат политичките случувања во ничија земја, ниту во вашата, ниту во мојата. Јас сум позната по тоа што ги спојувам луѓето, ширам љубов низ песните и тоа така и ќе остане“, кажа таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Кореја објави фотографии од проектилот

Следно

Ериксен потпиша за Бретфорд, ќе дебитира против шампионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian