Трансфер бомба од Аеродром: Војдан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје

1 min read

Освојувачот на двојната круна во макбаскетот, МЗТ Скопје во вториот дел од сезоната ќе биде посилен за македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.  Војдан потпиша со „металците“ до крајот на сезоната и ќе претставува огромно засилување за тимот од Аеродром во битката за трофеите во мак баскетот, но и за настапите во АБА2 лигата. Првиот дел од сезоната, Војдан не играше кошарка бидејќи се опоравуваше од повредата на коленото.

За Војдан Стојановски потписот за МЗТ Скопје, воедно претставува враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, откако во 20111 година потпиша за Черкаси Мавпи Потоа во кариерата играше и за Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин.
Претходно Војдан Стојановски има играно за Вардар, АМАК-СП, Напредак Крушевац и за Фени индустри, а сега во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со својот брат-близнак, Дамјан.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Поранешната девојка на Бака Прасе со провокативни фотографии „плаче“ за завршената врска

Следно

Сојузот на средношколци задоволен од почетокот на второто полугодие во школските клупи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian