„Тајмс”: Британската Влада подготвува нов пакет санкции против руските енергетски компании

1 min read

Британската Влада денеска ќе го претстави новиот пакет санкции против Русија, што може да влијае врз имотот на руските енергетски компании, соопшти „Тајмс”.

Според извори од владиниот кабинет, ограничувањата предвидуваат замрзнување на имотот и забрана за влез во земјата, а ќе се однесуваат на физички и правни лица од „стратешко значење” за руските власти.

Шефицата на британската дипломатија, Елизабет Трас , вчера во интервју за Скај њуз кажа дека властите во земјата ќе го изменат постојното законодавство за да им се овозможи да го прошират списокот со санкции.

-Во моментов можеме да воведеме санкции само за оние кои се директно вклучени во дестабилизацијата на Украина. Планираме да ја прошириме листата, така што секоја компанија, што е од интерес за Кремљ и за рускиот режим, да може да биде зафатена со санкции, рече таа.

Трас одби да даде конкретни детали за идните ограничувања, соопштувајќи дека „ништо не е исклучено” за можните мерки против имотот на големите руски бизнисмени кои живеат во Лондон.

Таа потенцира дека во случај на руска инвазија на Украина, Германија е подготвена да се откаже од гасоводот „Северен тек-2″.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Протести во Подгорица против обидите за уривање на владата на Кривокапиќ – малцинска влада или вонредни избори?

Следно

Не е сѐедно: Што да јадете ако сте прележале настинка, грип или ако сте земале антибиотици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian