Српски историчар: Бугаризација на Србија и Македонија во Првата светска војна – цивили депортирани во 22 бугарски логори

5 mins read

Српскиот историчар Милован Пизари кој ги истражува злосторствата над Србите во Првата светска војна, дошол до доволно материјали кои сведочат дека српски цивили во текот на Првата светска војна се одведени во 22 бугарски логори. Според него единствена цел на ваквите посебни политики кон одредени категории од населението била бугаризација на источна и јужна Србија, па и Македонија.

Милован Пизари своите сознанија кои се темелат на опсежни истражувања на документи и забележани сведоштва, ги презентираше во Утринската емисија на РТС, а во 2019 година тој состави и книга која Архивот на Војводина ја објави на италијански јазик, а годинава и на српски.

-Главно се занимавам со злосторства над цивилите кои во најголем дел ги извршиле бугарските окупаторски власти од 1915 до 1918 година. Кога зборуваме за злосторства, зборуваме за депортација на неколку десетици илјади луѓе, цивили, жени и деца во бугарски логори. Зборуваме за масакри над цивили во села кои се целосно уништени, за посебни политики кон одредени категории од населението, а единствена цел на тие политики била бугаризација на источна и јужна Србија па и Македонија. Обид на некој начин да се истреби српското население кое тука живеело, објаснува Пизари кој на оваа тема докторирал во Венеција.

Овие свои тврдења ги темели на документи и сведочења од архивите во Србија, но и од оригинални бугарски документи објавени во 1915, 1916 и 1917 година. Тука точно може да се види како и што се случувало, а сите податоци се сложуваат, без оглед на тоа од кои извори доаѓаат.

-Кога ќе ги прочитате сведочењата на жени или мажи кои се вратиле од некој логор во Бугарија во кој биле две или три години, каде луѓето околу нив умирале од глад, болести, од разни причини, кога имате куп такви сведочења – многу тешко е да се изберат неколку од нив врз основа на кои ќе дадете опис на уловите за живот во тој логор. Така што мојот проблем не беа контрадикторните податоци, вели српскиот историчар.

Тој бил посебно изненаден од прашањето на депоратацијата.

„Навикнавме, кога е во прашање депортација на цивили, веднаш да помислиме на Втората светска војнба. Меѓутоа, овде се гледа дека тоа постоело и порано, во Првата светска војна. Важно е да се напомени – не зборуваме за војници, тоа отсекогаш постоело, зборуваме за цивили. Цивили кои живееле во своите куќи, во одреден момент бугарсктие власти во овој случај, иако имало депортации и од австроунгарските окупациони зони, ги собрале и од одвеле во логор. Или оделе пеш или во вагони, возови, вагно за стока. Кога стигнувале во Пловдив, Софија и така натаму, веќе имало мртви, умирале по пат“, рече Пизари кој пронашол податоци за постоење на 22 вакви логори.

Излагањето на српскиот историчар Пизари го пренесоа и бугарските медиуми кои уште еднаш се навредија од историските факти.

БГНЕС потсети  дека пред точно една година, друг српски професор на Универзитетот во Белград, Драган Симеуновиќ, во телевизиско интервју постојано ги нарекувал Бугарите „ѕверови кои убиваат се` пред себе“.

„Бугарите се познати по нивните ѕверства, каде и да стапнат на земја. Германците само убиваа додека Бугарите и нивната војска ги исмеваа жртвите. Имаа и одред за силување. Вообичаена практика е да се прободат децата со бајонети од пушки и да силуваат жени пред нивните роднини“, рече Симеуновиќ, додавајќи: „Бугарите вадеа бебиња од утробите на трудниците, а потоа ги зпалеа живи“. Да не ја заборавиме бугаризацијата. Тие убиваа свештеници и учители во Србија, а потоа воведоа бугарско образование во училиштата, додаде тој.

Истиот ден, во бугарското МНР беше повикан српскиот амбасадор во Софија поради антибугарското, на моменти и расистичко однесување на Драган Симеуновиќ, кој е в.д. директор на Агенцијата за национална безбедност во главниот град на Србија, потсетува агенцијата БГНЕС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

67-годишник учествувал во тепачка во Гази Баба

Следно

Поради зимска бура во североисточниот дел на САД, откажани повеќе од 1.400 лета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian