Скопјани веќе ја користат Канцеларијата за помош и брза реакција за решавање на проблемите, вели Арсовска

3 mins read

Како едно од главните ветувања на градоначалничката Арсовска во предизборната кампања, беше ветувањето дека Градот Скопје ќе биде отворен град, достапен за граѓаните. Ветувањето е реализирано и скопјани веќе ги користат услугите кои канцеларијата ги нуди за помош и брза реакција за решавање на проблемите на граѓаните.

Отворена е Канцеларија за комуникација со граѓаните која работи 24 часа на прием на барањата на граѓаните и решавање на предизвиците со кои се соочуваат. Назначени се одговорни лица кои секторски даваат одговори поврзани со барањата на граѓаните, а воедно екипирана е служба составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на Градот кои делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, вели Арсовска.

Град Скопје стави во функција и електронска адресата за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување со цел 24 часа постапување во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните пријавуваат проблеми, а службите во Градот се задолжени да одговорат на барањата на граѓаните. Град Скопје цели да биде град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги да бидат брзи, ефикасни и транспарентни.

Во програмата ветивме дека граѓаните ќе можат да се обратат до Градот Скопје за своите проблеми преку воведување на телефонска линија, тоа и го направивме.

Отворена е посебна телефонска линија во служба на граѓаните преку која остваруваат редовна и брза комуникација со Град Скопје преку бројот 02 3207 536. Воедно, редовно се одговара на поднесените писмени и телефонски барања од граѓаните со кои се обраќаат до Градот Скопје за каков било проблем или предизвик. 

Најголемиот дел од барањата на граѓаните се однесуваат за сообраќајни проблеми, прашања од областа на пресметката и наплатата на даноците на имот, надминување предизвици поврзани за незаконски градби и комунални проблеми. На овој начин остваруваме непосреден однос со граѓаните за решавање на секојдневните предизвици со кои се соочуваат, но и да ја вратиме довербата на скопјани кон градската администрација, образложи градоначалничката Арсовска.

Во контекст на транспарентноста и функционалноста на градската администрација се формираше службата за брза реакција на повик на граѓаните, како уште едно исполнето ветување кое го реализиравме.

Назначени се одговорни лица од Градот кои секторски одговараат на барањата на граѓаните и екипирана е служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на Градот кои делуваат на терен со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, заврши градоначалничката Арсовска. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Груби – Кундурос: Грција силно го поддржува отворањето на преговорите за Северна Македонија со Европската Унија

Следно

Домашен бурек со месо од кујната на баба: Потребни ви се само шест состојки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian