Седница на Советот за безбедност за ситуацијата со Украина

1 min read

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да одржи состанок отворен за јавноста, на барање на САД, која како причина го наведува зголемувањето на руските воени трупи на границата со Украина.

Вашингтон овој состанок го опиша како шанса за Русија да понуди појаснување, додека официјална Москва, од друга страна, навестува дека би можела да го блокира нејзиното одржување.

За одржување на седницата потребни се девет гласови, а официјален Вашингтон е уверен дека има доволно поддршка.

Сите членови на Советот за безбедност ќе имаат можност отворено да ги кажат своите ставови, но Советот нема да превзема никакви акции.

kurir.mk

Претходно

Повторно над 20.000 активни случаи на коронавирус, вкупно починати 8.383 пациенти

Следно

Дневен хороскоп за 31 јануари: Ќе бидете полни со самодоверба, но ова може да биде причина за конфликт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian