Пушела и јадела кило чоколадо за една недела: Која е приказната на Жан Калмнет, најстарата жена која некогаш живеела?

5 mins read

Најстарата личност која некогаш доживеала 122 години, Жан Луј Калмнет е родена во 1875 година во Франција.

Жан веќе била во средината на дваесеттите години на почетокот на 20 век и живеела до 1997 година. За само три години, требало да биде првата жена во светот што живеела дури три века.

Меѓутоа, на 122-годишна возраст, Жан-Луј Калмент е запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која живеела најдолго.

Почина во годината кога Тони Блер беше избран за британски премиер. За време на нејзиниот живот, таа била сведок на бројни изуми меѓу кои – светилки, телефони, автомобили, телевизија, компјутери, атентатот на Франц Фердинанд и тројца
американски претседатели, двете светски војни, ерата на џезот, Хирошима, Движење за права на црнците во САД и подемот на Интернетот.

Го запознала и Ван Гог

Жан-Луј лично го запознала Винсент Ван Гог. Имала само 13 години, а нејзиниот иден сопруг поседувал продавница со материјали за сликање во Арл, каде Жан понекогаш му помагала. Во тоа време, непознатиот сликар доаѓал неколку пати да купи платна. Жан не била импресионирана од тоа што се запознала со еден од најпознатите сликари, па рекла дека е грд, дека труел на алкохол, а околу него секогаш се ширила непријатна миризба. Таа, исто така, тврдела дека тој ги посетувал борделите низ градот – не затоа што таму можел да има секс со проститутки, туку затоа што му продавале евтин алкохол.

Најстарата жена на светот ги надживеала не само своите деца, туку и нејзината внука. Нејзиниот сопруг починал кога имал 74 години, нејзината ќерка починала на само 36 години од пневмонија, а внукот починал на 37 години во сообраќајна несреќа.

На 90-годишна возраст, Жан потпишала договор за доживотна издршка, а мажот од другата страна на договорот, кој бил 40 години помлад, сметал дека ќе ја надживее и ќе го добие нејзиниот стан. Наместо тоа, Жан го надживеала и него и неговото семејство морало да продолжи да ја издржува дури и по неговата смрт.

Последните неколку децении од својот живот ги поминала во дом за стари лица каде што била најстара, но редовно ги надживувала другите станари. Кога наполнила сто години, сè уште возела велосипед.

Честопати, кога ќе слушнеме за некој над сто години, се прашуваме која е неговата тајна, надевајќи се дека постои некој таен трик кој може да ни помогне да доживееме длабока и среќна старост.

Жан била религиозен католик и редовно одела во црква, но не верувала во задгробниот живот. На многу млада возраст се омажила за богат братучед и затоа секогаш била слободна да се занимава со своите хоби, како што се тенисот и велосипедизмот.

Користела маслиново масло како навлажнувачки крем за лице, а маслиновото масло исто така заземало видно место во нејзината исхрана. Но, и покрај активниот начин на живот, за Жан не може да се каже дека живеела сосема здрав живот, лишена од какви било пороци и штетни навики. Познато е дека пушела пури после вечера додека не се префрлила на цигари. Сепак, таа обично не пушела повеќе од две цигари дневно.

Следниот пат кога ќе ви кажат дека шеќерот, солта и пржената храна убиваат, сетете се на најстарата личност што некогаш живеела на оваа планета.

Имено, Жан сакала вино, чоколадо и пржена храна – понекогаш премногу. Негувателите во домот за стари лица откриле дека таа понекогаш јадела половина килограм чоколадо за една недела. Има уште еден фактор кој секако придонел за нејзината
долговечност: таа била многу опуштена личност која наводно не била често под стрес, а се чини дека била и духовита личност.

Во едно интервју, кога имала 119 години, еден новинар се обидел да се пошегува со неа.

„Би можеле ова повторно да го направиме следната година“, ѝ рекол тој, на што Жан одговорила: „Не гледам зошто да не. Не изгледаш толку лошо“.

Иако имало и други кои тврделе дека се постари, никогаш немало извод од матична книга на родени за да го докажат тоа, па Калмент останала најстарата личност која некогаш живеела. Научниците проценуваат дека шансата некој да доживее 125 години е една на секои 10.000 години – и тоа во најдобри околности.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од утре нови правила во ЕУ за ковид сертификатите

Следно

Бразилецот повторно ќе игра фудбал, Роберто Карлос беше главна премија на томбола во Англија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian