ПСЖ елиминиран од Купот на Франција, херој е голманот на Ница кој е позајмен токму од „светците“

1 min read

Фудбалерите на ПСЖ се елиминирани во осминафиналето на Францускиот куп откако пред своите гледачи на „Паркот не принцевите“ загубија од Ниц и тоа по подобро изведување на пенали со 6:5.

Херој на Ница е голманот Марцин Булка, кој е позајмен токму од ПСЖ. Тој во пенал серијата ги одбрани пеналите на Паредес и на Симонс и ја однесе Ница во четвртфиналето.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, иако тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино на теренот изнесе силен тим со Меси, Икарди и Дракслер во нападот. Во второто полувреме, во игра влезе и Мбапе.

Во пенал рулетот,  двата тима имаа по едно промашување во првите пет серии, по што погодија во шестата. Во седмата, Данте со „паненка“ го совлада Донарума, по што Булка го одбрани шутот на Чави Симонс и ја однесе Ница во четвртфиналето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Посетител ги тормози магарињата во Зоолошка, се пофали на ТикТок

Следно

Денес го празнуваме Преподобен Макариј Велики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian