Познати екипите кои ќе играат во Супербол: Синсинати и ЛА Ремс ќе се борат за трофејот Ломбарди

1 min read

Екипите на Синсинати бенгалс и на Лос Анџелес Ремс ќе играат во финалниот натпревар на НФЛ лигата, популарниот Супербол кој ќе се игра на 13 февруари во Лос Анџелес.

ЛА Ремс го победи Сан Франциско фортинајнерс, додека Синсинати направи изненадување и го победи големиот фаворит Канзас сити чифс.

Синсинати во финалето на Американската фудбалска конфенреција со пресврт по продолжението го победи Канзас сити со 27:24, додека ЛА Ремс во финалето на Националната фудбалска конференција славеше со 20:17 над Сан Франциско.

Канзас сити одлично го започна натпреварот против Синсинати и првите три напади ги заврши со тачдаун за водство од 21:3. Но, во второто полувреме Синсинати успеа да направи пресврт и да поведе со 24:21 во финишот од натпреварот. Канзас сити благодарение на филд голот на Харисон Баткер се избори за продолжение во кое го имаа првиот напад. Но, грешката на квотербекот Патрик Махомс кога му беше пресечено додавање, Синсинати со филд гол од 31 јард успеа да победи и да обезбеди пласман во Суперболот.

И ЛА Ремс славеше со пресврт бидејќи губеше со 7:17 на стартот од последната четвртина. Но, во одлучувачките 15 минути, прво Купер Кап постигна тачдаун, а потоа Мет Геј со два филд гола му донесе триумф на ЛА ремс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дамјан Димевски во носија го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Следно

Во Козле се хоспитализирани 28 деца, 15 лекари и сестри се во изолација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian