Постои индикација дека подваријантата на омикрон БА. 2 е малку позаразна

1 min read

 Откако во Хрватска е потврдено присуство на подвидот на омикрон, БА.2, епидемиологот Бернард Каиќ вели дека се уште не знае дали таа подваријанта е поопасна, но дека постојат индикации дека е малку позаразна, иако не смета дека има голема разлика меѓу омикронот и подваријантата на тој сој.

Тој додаде дека се чини оти оваа подваријанта на омикрон нема влијание врз ефикасноста на вакцината против коронавирус или врз заштитата добиена по прележувањето на болеста.

– Добро е што се чини дека оние кои ја прележале стандардната варијанта омикрон ќе останат имуни на новата, изјави Каиќ за загрепската телевизија N1.

Според него, „ако оваа подваријанта е позаразна, тогаш не се исклучува можноста тоа да го продолжи времетраењето на петтиот бран на епидемијата, но не предолго”.

Претходно, денеска во Хрватска е потврдено присуство на подваријантата на омикрон – БА.2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заѕвони ѕвончето на Детската клиника – Четиригодишно девојче ја победи леукемијата

Следно

ФОТО | Марјана Станојковска ги „освежи“ своите следбеници: Позираше во секси зелен фустан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian