Ѓоковиќ останува на првото место на АТП ранг-листата, Надал опасно се приближува

1 min read

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 358 недела како лидер на АТП ранг-листата иако не учествуваше на Австралија Опен.

Ѓоковиќ има 11.015 бодови, 890 повеќе од финалистот на Австралија Опен, Данил Медведев. Зад најдобрите двајца, се наоѓаа Александер Зверев, Стефанос Циципас и на новиот рекордер по бројот на освоени гренд слем титули, Рафаел Надал.

Надал по неколкумесечна пауза поради повреда на ногата, Надал се врати на терените и вчера во финалето на Австралија Опен со пресврт го победи Данил Медведев со 3:2 во сетови.

Пласманот во полуфиналето во Мелбурн му донесе скок од едно место на Матео Беретини кој сега е шести на АТП ранг-листата, додека Андреј Рубљов е седми. Најдобрите десет ги комплетираат Каспер Руд, Феликс Оже-Алиасим и Јаник Синер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Сузана Стошиќ, жената што го роди првото бебе во 2022 година, минута по полноќ

Следно

Тасева: JО не постапува по пријавите на ДКСК, но ниту по оние од МВР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian