Наследникот на Меси на својот роденден потпиша за Манчестер сити

1 min read

Тоа што минатата недела беше најавено, денеска е официјализирано, фудбалерот на Ривер Плата Хулијан Алварез потпиша за Манчестер сити.

Еден од најголемите јужноамерикански таленти кого Аргентиците го сметаат за наследник на Лионел Меси, на денот на својот 22 роденден потпиша петгодишен договор со „граѓаните“ кои за трансферот платија 23 милиони евра.

Но, Алварез нема веднаш да дојде на „Етихад“, тој ќе остане во Ривер Плата до крајот на сезоната и ќе се обиде на својот тим да му донесе нова титула во Копа Либетадорес (Јужноамериканска Лига на шампиони).

– Хулијан е фудбалер кого подолго време го следевме, тој може да игра ненеколку позиции во нападот и силно веруваме дека еден од најдобрите млади јужноамерикански фудбалери. Среќен сум што успеавме да го донесеме и се надевам дека тука ќе ги има сите услоби да го развие својот потенцијал и да стане фудбалер од светска класа – изјави спортскиот директор на Сити, Чики Бегиристајн.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кејт Хадсон откри важен совет за убавина: Затоа лицето на холивудската убавица секогаш сјае!

Следно

Муцунски и Кочоска ќе бидат нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, лекарот Симеонов влегува во ИК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian