Kејт Хадсон откри кои совети за убавина ѝ го промениле животот. Познатата актерка откри дека кога имала 20 години отишла кај шминкерка кој ѝ дала важен совет.
„Треба да престанете да го чистите лицето наутро. Можеби токму тоа предизвикува нечистотии и мозолчиња на вашето лице“, рекла Кејт во интервју за магазинот „Allure“, додавајќи дека веднаш ја послушала и состојбата на кожата ѝ се подобрила.
„Оттогаш се држам до тоа. Значи, не ви треба средство за чистење или други производи, доволно е да го измиете лицето наутро со обична вода“, советува Кејт.
42-годишната Хадсон истакна дека има чувствителна кожа и дека овој совет ѝ помогнал за време на стареењето.
„Мислев дека како што старееме, мојата кожа може да поднесе повеќе, но не е така. Мојата кожа е многу чувствителна. Колку помалку производи користам, толку подобро“ , рекла Кејт.