Изненадување: Пандев ја напушти Џенова и се пресели во Парма

1 min read

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, во последните часови од зимскиот преоден рок направи изненадувачки трансфер во Парма, пишува Скај Италија.

Пандев во Парма доаѓа на шестмесечна позајмица од Џенова, тој веќе го потпишал договор, и пред да биде и официјално да му стане соиграч на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, зелено светло треба да даде фудбалската федерација на Италија.

Овој потег на Пандев претставува мало изненадување бидејќи најави дека ја игра последната сезона во богатата кариера и сака истата да ја заврши во Џенова.
Џенова се наоѓа на претпоследното место на табелата во Серија А, додека Парма игра во Серија Б и засега се наоѓа на 12 место на табелата со 24 бода, дури осум помалку од позицијата која води во плеј-офот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Им се навраќав на сите кои ме злоупотребуваа: Бела Хадид се отвори за минатото на нејзините врски

Следно

Во ИК на ВМРО-ДПМНЕ влегуваат аналитичарот Клековски, актерот Љутков и поранешната вицегувернерка на НБМ Кадиевска-Војновиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian