Илхан Ќучук: Новата бугарска Влада започна добар процес на зближување со Северна Македонија

1 min read

Новата Влада во Софија успеа да започне добар процес кој има за цел да ги зближи Бугарија и Северна Македонија, да ја погледне историската перспектива, а во исто време да ја погледне и перспективата во ЕУ.

Ова за бугарскиот ТВ канал Нова ТВ го соопшти Илхан Ќучук, копретседател на либералната партија АЛДЕ, европратеник од ДПС/„Обнови ја Европа“ и постојан известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Ќучук, има тензија на историски, но не и на политички план. Тој рече дека работел со овие луѓе долги години и веќе ја има нивната доверба. Договорот меѓу двете земји од 2017 година, вели, го отвори евроатлантскиот пат за Северна Македонија.

Запрашан дали верува дека Бугарија треба да го укине ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, тој рече дека верува оти Бугарија треба активно да работи во рамките на правилата договорени меѓу двете соседни земји.

-Ќе биде голем пропуст на бугарската надворешна политика ако го дозволиме овој луксуз – Албанија да започне преговарачки процес, а Северна Македонија да се остави настрана, рече Илхан Ќучук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сончево со умерен ветер, утре обилни врнежи снег

Следно

Повторно над 20.000 активни случаи на коронавирус, вкупно починати 8.383 пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian