Голем неделен хороскоп (31 – 6 февруари): Лавовите ќе бидат преокупирани со планови, Раковите влегуваат во чувствителен период…

8 mins read

Лавовите во врска ќе бидат преокупирани со правење планови за иднината, решавање на станбеното прашање и евентуалното започнување заеднички бизнис. Раковите влегуваат во чувствителен период во кој нивното здравје би можело да биде разнишано… Па каква недела ги очекува сите хороскопски знаци?

Овен

Направете анализа на досегашните успешни и неуспешни потези за да знаете каде најмногу грешите. Пократките патувања, трговијата и комуникациите сè уште се најуспешните области на вашиот бизнис. Излегувањето, забавата и дружењето со пријателите ќе ја одбележат вашата недела. Слободните ќе уживаат затоа што ќе бидат во ситуација да избираат, а не да бидат избрани. Но, внимавајте да не ги пропуштите најдобрите можности. Покрај падот на енергијата, спокојството и оптимизмот нема да дозволат да паднете во депресивно расположение.

Бик

Ќе имате суптилно чувство за времето, просторот и луѓето со кои работите. Очекувајте поволни движења на полето на финансиите, што може да се должи на проширување на деловните активности или на претходни инвестиции. На љубовно поле ве очекуваат нови познанства кои би можеле да прераснат во нешто повеќе. Опуштете се и не бегајте од поврзување. Ако сте во постојана љубовна врска, ќе бидете задоволни со вашиот живот. Заедничките моменти ќе ви бидат исполнети со релаксација, но нема да ви биде досадно.

Древен хороскоп на Инките и Ацтеките: Кои знаци се „зли сили“, а кои „заспани змии“?

Близнаци

Најдобро е да не се обидувате да промените ништо на работа. Околностите не се на ваша страна. Внимавајте, ќе бидете склони на грешки. Не се борите премногу гласно за вашите права, мислејќи дека сите ве поддржуваат. Во љубовта, не треба премногу да се грижите доколку ги преболите минливите тензии кои ќе ги предизвика Венера. Брзо ќе се навикнете на нејзиниот немир, а некои семејни кавги ќе ви бидат добар тренинг.

Рак

Контролирајте ги трошоците, внимавајте со сметки, фактури и документи. Оваа недела ќе се соочите со лоша концентрација и нервоза. Можни се административни и финансиски проблеми, конфликти со законот, судски спорови или губење на важни документи. Доколку сте во врска, ќе доживеете пријатни моменти со партнерот, но со повремени кавги. Ќе ви пречи неговиот напорен распоред, но со малку труд и заводлив шарм многу лесно би можеле да му покажете дека љубовта секогаш заслужува да биде на прво место.

Лав

Односите со соработниците ќе бидат успешни, а многумина од вас би можеле да го прошират бизнисот. Ќе завршите некои работи кои подолго време ве мачат. Ќе решавате проблеми и ќе бидете тука за луѓето околу вас во секое време. Оние кои се во врска ќе бидат преокупирани со планови за иднината, решавање на станбеното прашање, а можеби и заедничко започнување бизнис. Ќе можете да се потпрете на вашиот партнер ако тргнувате на службено патување, професионален развој или специјализација во друг град.

Девица

Успешно ќе се справите со неволји, административни преплетувања или кратки рокови. Оваа недела ќе напредувате во креативната работа, дипломатијата, издаваштвото, трговијата и комуникациите. Ќе се појават стари љубовни проблеми, но овојпат нема да можете да избегате или да ги затворите очите. Ќе мора да донесете важни одлуки. Откако ќе одлучите, престанете да се сомневате во вашите избори. Конкретно, можете да изберете помеѓу стара и нова љубов.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Вага

Ве очекуваат поостри односи со авторитети предизвикани од вашето можно неумерено однесување или кавги. Правилно извршувајте ги деловните задачи за никој да не ви замери. Вие и вашиот партнер ќе работите заедно за да ги решите финансиските и станбените проблеми. Но, ќе ви недостига добра комуникација, а камен за сопнување ќе бидат некои семејни проблеми и финансиите. Ако успеете да решите барем дел од проблемот, мирот во куќата ќе се врати побрзо.

Скорпија

Вашата креативност пријатно ќе изненади многумина, а деловната ефикасност ќе ги воодушеви вашите претпоставени. Напорите нема да ви пречат бидејќи можностите кои сега ви се даваат ќе бидат тие што ќе го одредат понатамошниот тек на вашата кариера. Љубовната врска или бракот ќе влезе во фаза на препородување. Важно е да ја заштитите вашата врска од љубомора. Дури и кога навидум сè ќе е во ред, ќе се сеќавате на вашите претходни лоши искуства и ќе почнете да мислите дека вакво нешто може да се повтори.

Стрелец

Надреден соработник би можел да ви понуди подобра работа, имајќи предвид дека покажувате квалитети за таквата должност. Но, дури и ако не постигнете формален напредок, колегите ќе ве ценат. Во љубовта ве очекува подобар период. Ќе почувствувате потреба да сакате, но и да примате љубов. Слободните би можеле да се најдат во виорот на страста, додека оние кои се во врска ќе сакаат поактивен социјален живот.

Јарец

Меркур е во вашиот знак и ќе го подигне нивото на вашата снаодливост, креативност и трудољубивост. Потпрете се на интуицијата, таа ќе биде ваш сојузник на работното поле. Ако се занимавате со јавна работа, ќе стекнете истомисленици. Ѕвездите се на ваша страна кога станува збор за љубов, но единствена пречка ќе биде Марс. Поради оваа планета, Јарците би можеле да уништат некоја ветувачка љубовна врска. Затоа е важно да не брзате со ништо, особено ако се работи љубовни реалции.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Водолија

На работното место ќе бидете дистанцирани. Повеќе ќе ви одговара работа во сенка и ќе избегнувате преземање одговорност. Ќе се држите настрана од кавги или озборувања, а проблемите ќе ги решавате мирно. Ќе почнете да ги решавате насобраните емоционални сомнежи. Ќе се впуштите во одлична „чистка“ и нема да зажалите. Ако сте сфатиле дека вашата долгогодишна врска нема иднина, бидете сигурни дека ако одлучите да продолжите сами, ќе одите напред.

Риби

Доброто влијание на Меркур ќе ги нагласи вашите амбиции. Ќе имате одредена поддршка од постари луѓе, како и одлични резултати во потфати поврзани со трговија, посредување, мода, фармација и здравје. Оваа недела ќе бидете насекаде, па вашиот „скитнички“ дух ќе биде причина да ги запоставите обврските. Рибите во брак ќе почувствуваат потреба да ја продлабочат интимноста со партнерот. Ќе сфатите дека страста е нешто што со малку имагинација и добра волја секогаш може повторно да се разбуди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Безос, Гејтс, Маск и Цукерберг осиромашени за 50 милијарди долари

Следно

Шок за ПСЖ, Мбапе се договори со Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian