Поранешната девојка на Бака Прасе, Ања Благојевиќ објави секси фотки на кои позира сосема гола, покриена само со боја и напиша порака која веројатно е инспирирана од нејзината врска која неуспешно заврши поради селидбата на Бака Прасе во Амстердам.
ФОТО | Бака Прасе раскина со преубавата Ања: И на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот
Ања која има преку 600 илјади следбеници на инстаграм, сподели објава со фотографии во нетипично артистичко опкружување, сосема гола, а врз неа како симбол на тагата, беше истурена сликарска сина боја. На објавата Ања емотивно напиша:
„Никогаш не го прави оној што го сакаш целиот твој свет, бидејќи кога тој ќе си замине, ќе немаш ништо“.
Фотографиите се направени од арт-фотографката Марија Здравковиќ, а затоа што Инстаграм ги избриша фотографиите кои не ги почитуваа правилата за експонирање голотија, таа напиша:
„Затоа што Инстаграм ги избриша сите слики кои навистина ги сакам, а и вашите коментари, решив одново да ги прикачам, со креативна цензура“