ФОТО | Дамјан Димевски во носија го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“

1 min read

Во  последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа неколку македонски кандидати, но најголем впечаток остави младиот Дамјан Димевски (19) од Скопје.

Дамјан се претстави со песните „Јано мори“ и „Никој како тебе не бакнува“. Дамјан настапуваше во дует со Ања Михајловиќ.

За време на првата интерпретација, Дамјан на сцената на „Гранд“ се појави во традиционална носија, а веднаш од почетокот на пеењето доби глас од Драган Стојковиќ Босанац и Снежана Ѓуришиќ.

Дамјан Димевски/Принтскрин/Јутуб
Дамјан Димевски/Принтскрин/Јутуб

Емотивниот настап придружен со народната носија ги освои срцата на жири комисијата и Дамјан се здоби со сите шест гласови и веднаш доби учество во наредниот круг.

Честитки, момче!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе се реконструира улицата Перо Наков во Гази Баба

Следно

Познати екипите кои ќе играат во Супербол: Синсинати и ЛА Ремс ќе се борат за трофејот Ломбарди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian