Домашен бурек со месо од кујната на баба: Потребни ви се само шест состојки

2 mins read

Се верува дека бурекот потекнува од она што сега е Турција во старата Отоманска Империја. Од своето создавање, бурекот стана многу популарно јадење во Северна Африка, на Балканот, па дури и на јужнословенските земји. Со оглед на неговото меѓународно влијание, бурекот е адаптиран на различни кујни.

Ако сакате да го изненадите семејството како врвен мајстор, подгответе бурек од кој ќе замириса целата куќа.

Како да направите домашен бурек со месо со богат фил, крцкава кора и вкус што ги придвижува сите сетила… Бурекот од пекарница не е ниту приближно добар како овој. Вреди да се направи, обидете се и уживајте во секој залак. За појадок, ручек или за вечера, домашниот бурек е асоцијација за сочен и вкусен специјалитет коj го обожаваат сите генерации.

Состојки:

– 500 гр месо
– 2 главици кромид
– 1/2 кг тенки кори
– сол, бибер
– масло
– 200 мл вода

Подготовка:

Пропржете ситно исечен кромид, а потоа додадете го меленото месо и продолжете да пржете. Додадете сол и бибер. Тепсија со дијаметар од 24 см добро намастете ја со масло па покријте ја со кора.
Стуткајте три кори како хармоника па со нив покријте го дното и попрскајте со вода. Покријте со три други стуткани кори, и нив намачкајте ги со масло и попрскајте со вода, па посипете го испрженото мелено месо. Продолжете со истата постапка и кај третиот ред, потоа додадете третина од месото, а потоа продолжете исто како и првиот пат, три реда кори па потоа месо па кора, месо па кора… Редете додека корите не се потрошат. За крај, бурекот премачкајте го со масло. Потоа, замотајте ги рабовите кои ви останале надвор од тепсијата. Бурекот печете го на 200 степени околу 50 минути, додека корите не добијат златно-жолта боја. Одличен, крцкав, полн со фил… Уживајте!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјани веќе ја користат Канцеларијата за помош и брза реакција за решавање на проблемите, вели Арсовска

Следно

ВИДЕО | Ковачевски-Пич: Поддршка од Лондон за развојот на Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian