Бразилецот повторно ќе игра фудбал, Роберто Карлос беше главна премија на томбола во Англија

1 min read

Бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос кој професионалната кариера ја заврши пред седум години, ќе настапи за аматерски тим од англија кој неговите услуги ги доби на томбола.

Роберто Карлос кој настапуваше за Реал Мадрид и за бразилската репрезентација, во февруари ќе одигра еден натпревар за аматерски тим од Шрезбери кој го носи името на кафулето „The Bull In The Barne“.

– Плаќате пет фунти за да учествувате во томбола и да имате можност да добиете еден професинаец во својот тим. Еден од нашите момци рече да си ја пробаме среќата и на крајот добивме премија во Роберто Карлос – изјави Метју Браун, функционер на нисколигашот.

Роберто Карлос кариерата ја заврши во 2015 година во Индија, и тоа во екипата на Делхи, а во богата кариерата со Бразил триумфира на СП 2002, а со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пушела и јадела кило чоколадо за една недела: Која е приказната на Жан Калмнет, најстарата жена која некогаш живеела?

Следно

Ковачевски се сретна со новиот шеф на Меѓународниот републикански институт во земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian